FP7 Material - Macedonian

Вовед

Следниве web страни даваат информација за финансирањето во рамки на ИКТ програмата на Европската комисија во ФП7.

Целта на овој материјал за тренинг е да овозможи подобро да се разберат техничките, финансиските и процедуралните аспекти на ИКТ/ФП7 и соодветната технологија. Со ова ќе биде овозможено да се разбере финансиската програма, како да се учествува во предлог проект, како да се најде партнер, како да се биде повикан за учество во проект и како да се иницира и напише проект.

Главните цели се да се овозможи:

  • Разбирање на техничките, финансиските и процедуралните аспекти на ИКТ/ФП7 програмата.
  • Разбирање на работната програма и соодветните технологии за учество во проекти и наоѓање партнери.
  • Можност да се биде повикан за учество во проект.
  • Разбирање на кој начин може да се придонесе при пишување на предлог проект.

Овие web страни се придружен материјал за работилниците и кратките трибини кои ќе бидат организирани во рамките на ICT-WEB-PROMS проектот.

Информациите кои се претставени овде се однесуваат на оние кои

  • имаат слушнато за истражувачките програми на Европската заедница, и/или
  • работат во полето на ИКТ како истражувачи, развивачи или корисници на нови технологии, и/или
  • се заинтересирани во развој на нови технологии, и/или
  • сакаат да учествуваат во проект кој е финансиран од ФП7/ИКТ, и/или
  • има мало или нема искуство со вакви проекти, и
  • има познавање на англискиот јазик

Материјалот за тренинг се состои од следниве три главни делови:

  1. Претставување на ФП7 и ИКТ програмата
  2. Правила на програмата и животен циклус на предлог проект
  3. Како да се учествува

Материјалот е структуриран во тринаесет модули:

  1. Краток преглед на ФП7
  2. Преглед на ИКТ програмата
  3. ИКТ работна програма во детали
  4. Правила за склучување на договори во програмата
  5. Финансиски правила на програмата
  6. Дефинирање на идеи и наоѓање партнери/ формирање конзорциум
  7. Пишување на предлог проект
  8. Административен развој на предлог проектот и поднесување на предлогот
  9. Преговарање за договорот
  10. Учество во финансиран проект
  11. Примери и слушаи на успешни предлози
  12. Уште информации
  13. Заклучни забелешки

Да забележиме дека, овој тренинг материјал има за цел да им помогне на апликантите, но не и да се користи како замена на официјалните документи на ЕУ, како и на ИКТ програмата, во Повиците за предлог проекти и Финансиската регулатива и нејзините правила за применување.