8. Административен развој на предлог проектот и поднесување на предлогот

Како да се вклучите во предлог проекти
Поднесување и евалуација на предлогот

Овој модул им е посветен на оние кои сакаат да учествуваат во пишување на предлог проект или како корисник/партнер или како координатор, и поради тоа мораат да ги разберат административните чекори од кои се состои поднесувањето на предлогот.

Содржината на овој модул има за цел апликантите да се запознаат со електронскиот систем за поднесување на предлози (Electronic Proposal Submission System - EPSS), a потоа да се обучат за користење на системот во процесот на поднесување на предлогот. Потоа се објаснува процесот на евалуација. Модулот завршува со приказ на статистички податоци кои се однесуваат на поднесените предлози и објаснувања што може да се направи во случај на неуспех.