6. Дефинирање на идеи и наоѓање партнери/ формирање конзорциум
Како да се биде вклучен во проект
Од идеја до проект
Во овој дел се објаснува како да се вклучите во некој предлог проект и се дава краток опис на структурата на предлог проектот во ИКТ програмата. Читателот ќе разбере како да ги формулира сопствените компетенции, како да ги формулира иновативните идеи и ќе ги научи чекорите за учество и придонес во даден предлог проект.
Треба да се знае дека проектите финансирани ФП7 предвидуваат соработка која вклучува повеќе партнери од различни ЕУ земји. Целта е да се гарантира европската димензија на проектот. Овие партнери имаат различна култура, зборуваат различни јазици; партнерството и проектот се водени од координатор кој се јавува како меѓуврска помеѓу конзорциумот и Комисијата, чија што должност е да го верификува пристапувањето на партнерите во конзорциумот, да ја мониторира послушноста, да ги прима и дистрибуира финансиските средства од ЕК, да ги чува финансиските документи и да осигура навремено доставување на извештаите. Конзорциумот треба да биде составен од партнери кои ќе се надополнуваат. Проектите се ориентирани на подолготрајна соработка и треба да креираат ново знаење.
Финансирањето од Европската комисија е грант на делот од трошоците за реализација на проектот, што е принцип на кофинансирање.
Основните концепти за учество се:
- Учеството во праграмата е преку транс-европски проекти за соработка;
- Најчесто има најмалку 3 независни правни лица од 3 различни земји членки или асоцијативни земји;
- Предлозите се поднесуваат во рамки на пооделни повици за предлог проекти;
- Учеството предидува разбирање на ФП7, специфичната (ИКТ) работна програма и конкретниот повик, процедури, регулатива и др.;
- За подготовка на предлог проектот потребни се повеќе месеци работа пред датата на поднесување;
- Предлозите можат да бидат напишани од еден (или сите) партнери кои учествуваат, но најчесто од еден или од страна на мал број од клучните партнери;
- Имплементацијата на проектот трае вообичаено околу 2-5 години и е предмет на договор помеѓу Европската комисија и конзорциумот.
Доколку сте прикладен апликант, активноста за која би барале финансиска поддршка мора да биде во опсегот на активности финансирани од страна на ФП7 како што е опишано во годишните Работни програми. За да може одредена идеја да биде финансирана, соодветен повик мора да биде отворен. Сите повици се објавуваат во Службениот весник на ЕУ и потоа се публикуваат и стануваат достапни на ФП7 делот на CORDIS. EPSS (eлектронски систем за поднесување предлози) е задолжителен канал за поднесување на предлог проектите, до крајниот рок на повикот. Процедурите се опишани во Водачот за апликанти за повикот, кој е објавен на CORDIS.
Вашиот предлог ќе биде евалуиран од независни eвалуатори по однапред дефинирани критериуми. Информациите за критериумите се наведени во Работната програма и во Водачот за апликанти. За успешни предлози, Договорот ги содржи правата и обврските на корисниците и на ЕК; Водачот за апликанти ги содржи сите неопходни информации.
Клучните фази, од идеја до предлог и проект се сумирани во пет чекори:
- Физибилити, проверка на идејата;
- Формирање на конзорциум;
- Развој на предлог проектот;
- Преговарање за договорот;
- Извршување и имплементација.
Во овој модул се разгледани првите два чекора, дефинирање на идеја и учество во конзорциум.






