13. Заклучни забелешки

Овој водич на web страниците на ICT-WEB-PROMS проектот му дава на читателот краток, но сеопфатен преглед на тоа што значи да се учествува во предлог на ИКТ програмата во ФП7. Овие упатства можат да се применат и на другите тематски програми во ФП7. Меѓутоа, се поставува прашањето дали е ова доволно и како може да се примени сето тоа што читателот го научил.

Прво, ние ги цениме повратните информации што вие како читатели ни ги давате. Ако мислите дека податоците во овој водич треба да се ажурираат, ве молиме да не информирате и да ни кажете што не ви се допаднало.

Второ, проектот ICT-WEB-PROMS дава и повеќе од самиот водич на својата web страница. Секој регистриран корисник на оваа web страна може да ужива во следните услуги кои се нудат бесплатно:

  • Барање партнери
  • Барање предлози
  • Објавување на Вашиот профил или идеја
  • Размена на информации со партнерите
  • Воспоставување контакт со учесникот во ICT-WEB-PROMS проектот од Вашата држава
  • Добивање информации за новините кои се однесуваат на ИКТ програмата и останатите релевантни настани
  • Пронаоѓање одговори на Вашите прашања
  • Пронаоѓање одговори на прашањата поврзани со финансирањето од страна на Европската комисија

Кога сакате да учествувате, бидете свесни дека постојат две страни на проектот. Од една страна, на проектите им се неопходни добри партнери кои се способни да ги реализираат доделените активности, кои ги исполнуваат своите ветувања и се доверливи, кои разбираат како функционираат проектите во ЕУ од финансиски и административен аспект. Од друга страна, на организациите им е потребен добар проект кој ќе помогне да се имплементира некоја стратегија или да се постигне некоја важна цел. Сето ова може да се научи и со учество во предлозите и проектите, сфаќајќи ги овие правила се подобро и подобро.