2. Преглед на ИКТ програмата

Во овој дел од материјалот за тренинг е претставена ИКТ Програмата на ФП7 така што читателот ќе биде во состојба да ги разбере основните елементи на ИКТ програмата.

ИКТ Програма е една од тематските области на ФП7. Таа е најголемата програма со буџет од 9.12 B€ за периодот од 2007 до 2013 година.

Целта на истражувањата во ИКТ во рамки на ФП7 е да се подобри конкурентноста на европската индустрија, како и да се овозможи Европа да ги води и формира идните развои на овие технологии така што ќе бидат задоволени барањата на нејзиното општество и економија.

Земјите, членки на ЕУ одвоиле вкупно € 9.1 бн за финансирање на ИКТ за времетрењето на ФП7; правејќи ја на тој начин најголема истражувачка област во програмата Соработка, која и самата е најголемата специфична програма на ФП7 (со 64% oд вкупниот буџет).

Истражувачките активности во ФП7 имаат за цел да ја зајакнат европската научно-технолошка основа и да го осигураат глобалното водство во ИКТ, помош во водењето и стимулирањето на производството, сервисите и иновативните процеси и креативност преку користење на ИКТ и да се осигура дека прогресот на ИКТ значајно ќе се трансформира во корист за граѓаните, бизнисот, индустријата и владите на Европа.

Програмата финансира истражување и развој во првиот дел од иновативниот циклус, започнувајќи со истражувања водени од радозналост, вклучувајќи искористување на решенија и прототипови. Со други зборови, таа покрива пред-комерцијални развојни решенија.