11. Примери и слушаи на успешни предлози

Иако теоретското проучување на ФП7/ИКТ очигледно помага да се разбере на кој начин функционира Програмата, единствено низ практично искуство може да се свати како да се примени таа теорија. Според тоа, потребата од ваков модул е природна и овде во неколку примери се покажува како други станале партнери во некој предлог, а дава и примери на добра и лоша пракса (предлог). Овие примери во иднина може да се надополнат со други.

Првиот пример покажува како е постигнат успех за вклучување во финансиран проект; што е засновано на реален случај, но името на проектот се држи во тајност. Потоа следи пример на еден добар и еден лош предлог. Овој текст може да даде само краток преглед на тие предлози; тие се подобро разработени во материјалот за работилници на ICT-WEB-PROMS проектот и на читателот му се предлага да ги провери овие работилници на web страната на ICT-WEB-PROMS.