10. Учество во финансиран проект

Во овој модул се објаснува што се подрезбира под учество во ФП7-ИКТ проект и кои се условите за учество во одобрениот проект. Дадените информации би требало да им помогнат на заинтересираните да проценат колку се навистина подготвени да учествуваат во проект.

Темите кои се обработуваат во овој модул опфаќаат: менаџмент со проектот, улога на координаторот, состаноци и контрола, известување за напредокот и накратко проблеми кои може да се појават во текот на проектот, модификации на договорот и улогата на експертите.

Имплементацијата на проектот, гледано од страна на Европската комисија, подразбира поднесување на периодични извештаи и контрола на исплатите. Проектот завршува со поднесување на конечен извештај. Во текот на проектот може да се појави потреба за замена на некој учесник или промена на буџетот.

EК го следи проектот преку ревизиски состаноци, за кои се задолжени посебни служби од ЕК. Партнерите мораат да бидат подготвени за ненајавени посети при кои на службениците од ЕК мора да им се покаже дека финансиското работење било и е во согласност со правилата на ЕК.

Датумот на започнување на проектот е запишан во договорот и аванс се уплатува во рок од период од 45 дена од потпишување на проектот. Би требало сите учесници да се запознаат со битните проектни документи, како што се DoW (каде што е наведено што треба да сработи секој од партнерите), договорот и анексите (посебно е значаен Анексот 2, општите услови) и конзорциумскиот договор (Consortium Agreement).

За времетраење на проектот, партнерите мораат да почитуваат одредени правила на однесување во проектот. Бидејќи секој ФП7 проект се смета за заеднички потфат, партнерите мора да бидат запознаени со работата на останатите партнери и сите информации во проектот мора да им бидат достапни на сите партнери. Понатаму, партнерите мора да ги исполнат своите ветувања и да работат на остварување на дефинираните цели, клучни точки и исходи. Штом се појават проблеми, партнерите мораат отворено да информираат за нив –подобро е транспарентно да се продискутира проблемот и да се реши пред да го загрози целиот проект. Партнерите не смеат да сторат ништо незаконско – доколку се двоумат за некоја работа, мора да го продискутираат тоа со целиот конзорциум.