12. Уште информации

Каде да се пронајдат повеќе информации?

Овој модул објаснува каде можат да се пронајдат важни информации за ИКТ програмата во ФП7 и има за цел да даде преглед на различните извори на информации. На почетокот се укажува на тоа кои се важни информации, а потоа се наведуваат изворите за соодветните информации. Спомнати се проекти и организации за поддршка, web страни на ЕУ, како и страници кои ЕУ ги поддржува. Дадени се објаснувања за CORDIS и Ideal-IST, како и за ICT-WEB-PROMS и web страници сврзани со нив. Наведени се и web страници кои ги нудат и трети страни и дадена е листа на напатствија и прирачници.
Важни информации се:

  • Општи информации за Програмата
  • Документи поврзани со учеството
  • Настани на кои може да се воспостави контакт
  • Партнери
  • Јавни повици
  • Предлози за соработка

Сите овие информации можат да се најдат на web страната на EK. Поточно информациите кои се потребни за да се учествува во предлог и проект се:

Комисијата ги обединила сите овие документи на http://cordis.europa.eu/fp7/find-doc_en.html.